Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како „божиќен терор“ и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние кои зборуваат за „илузорен“ божиќен прекин на огнот, мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија и се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во нејзиниот воздушен простор.
Текстот Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер е превземен од МАКФАКС.