Русија тврди дека го освоила стратешкиот украински град Лисичанск и целиот регион на фронтот Луганск, што би означило одлучувачки напредок за нивните сили кои имаат за цел да ја заземат цела источна Украина. Ваквиот развој на настаните уследи откако Белорусија соопшти дека пресретнала проектили истрелани од Киев, додека Русија објави дека Украина истрелала три проектили кон Белгород, при што загинале четири лица.
Advertisements
Лисичанск беше последниот голем украински град во областа Луганск во источен Донбас, кој сè беше уште во рацете на Украина. Неговото заземање од страна на Русија би значело дека Кремљ успеал да продре уште подлабоко во Донбас.
Вчера имаше спротивставени извештаи за статусот на Лисичанск затоа што Украина ги негираше тврдењата на Москва дека го опколила целиот град, кој инаку се наоѓа многу блиску до Северодоњецк, кој руските сили го зазедоа минатата недела.
Украина сè уште не го коментира тврдењето дека Лисичанск паднал во руски раце.