Шефот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин изјави дека таа ќе може сама да спроведе мисија на Марс за неколку години, откако Европската вселенска агенција (ЕСА) одби да соработува со Москва на мисијата со роверот „Егзо-Марс“, пренесува Танјуг.
– Да, ќе изгубиме неколку години, но оваа истражувачка експедиција ќе ја спроведеме од новиот комплекс за лансирање на космодромот Восточни, изјави Рогозин за каналот „Телеграм“.
Рогозин ја коментираше и одлуката на шефот на ЕСА, Јосеф Ашбахер, која се однесува на повлекувањето на Западноевропејците од проектот „Егзо-Марс“.
– Ова е лошо за сите љубители на Вселената – заедничката руско-европска мисија на Марс е откажана, изјави тој кусо.