Руската влада направи список на непријателски држави, кој е објавен на веб-страницата на руската влада. Меѓу земјите што се најдоа е и Македонија. Претходно рускиот претседател Владимир Путин наложи да се состави таков список.
„Претседателот Путин му нареди на Кабинетот на министри да состави список на земји кои ѝ воведоа санкции Русија, нејзините компании, организации и поединци во следните два дена“, објави русија РИА Новости.
На списокот со непријателските земји се наоѓаат: САД, Украина, Европската унија, како и Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Северна Македонија, Сингапур, Тајван, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија, се вели во соопштението.
Претходно, поради поради ситуацијата во Украина, Владата на седницата што се одржа 24 февруари го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Северна Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ, заедно со сите претходни одлуки за рестриктивни мерки од 2014 година и да ја започне постапката за нивно спроведување.