Руската тениска репрезентација е освојувач на овогодинешниот Дејвис Куп откако во финалето против Хрватска ги доби двата сингл дуели.
Медведев со 2-0 го совлада Чилиќ и го донесе трофејот за Русија во Дејвис купот.
Првиот сет беше неизвесен, се играше тајбрејк кој го доби Медведев со 9-7, во вториот сет Русинот беше убедлив победувајќи со 6-2.
Претходно Рублев го совлада Гојо со 2-0. Првиот сет го доби Русинот со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби со 7-5.
За Русија ова беше трета титула во Дејвис купот, прва по 15 години.