Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека нема да патува во Јужна Африка на состанокот на Г-20 закажан за две недели, обвинувајќи ја земјата дека прави многу лоши работи.

„Нема да присуствувам на самитот на Г-20 во Јоханесбург. Јужна Африка прави многу лоши работи“, напиша шефот на американската дипломатија на социјалната мрежа Икс, наведувајќи го пред се проблемот со експропријација на приватната сопственост. Состанокот на Г20 на ниво на министри за надворешни работи е закажан за 20 и 21 февруари.

„Мојата работа е да ги унапредувам американските национални интереси, а не да трошам долари на даночните обврзници или да поттикнувам антиамериканизам“, напиша тој, изразувајќи жалење поради фактот што групата земји ги брани климатските промени и програмите на различностите и инклузијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Јужна Африка за конфискација на земјиште, откако неговиот колега Сирил Рамафоса потпиша нацрт-закон за експропријација. На крајот на јануари, јужноафриканскиот претседател прогласи закон со кој се дозволува владата да одлучува за експропријација без надомест во одредени околности и како мерка од општ интерес.

Текстот Рубио: Нема да одам на состанокот на Г20, тоа е губење долари од даночните обврзници е превземен од МАКФАКС.