Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.
Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.
Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.
Текстот Ројтерс: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск е превземен од МАКФАКС.