Озијан Шини кој е вработен како новинар на „Ројтерс“, на социјалната мрежа Твитер сподели информација дека тројца тенисери влегле во Австралија со истата виза која ја имал и Новак Ѓоковиќ, односно со изземање одредено од лекарска комисија со која соработува турнирот.
Да потсетиме, наводно како што пренесуваат австралиски власти, Ѓоковиќ во Австралија влегол со погрешна виза, а барањето да му се издаде нова виза било одбиено.
– Визата која Новак Ѓоковиќ ја користел за да влезе во Австралија била истата која била искористена од други тројца тенисери кои веќе добиле дозвола за влез во земјата, -напиша на социјалните мрежи Озијан Шини.
BREAKING-REUTERS: NOVAK DJOKOVIC VISA REVOKED BY AUSTRALIAN GOVERNMENT, ISSUED LETTER SAYING HE WILL BE DEPORTED – SOURCE CLOSE TO TOURNAMENT
— Ossian Shine (@ossianshine) January 5, 2022
Конечната одлука дали Србинот ќе игра на Аустралија Опен ќе биде донесена најдоцна до понеделник.