Романија детектира мал летечки објект кој влегува во националниот воздушен простор.

Жителите беа предупредени да бараат засолниште и беа започнати процедури за подигање на борбените авиони.

Романските радарски системи синоќа открија мал летечки објект, за кој постои сомневање дека е беспилотно летало, кој навлегол во националниот воздушен простор до шест километри во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти романското Министерство за одбрана.

Министерството објави дека радарот најпрво го фатил сигналот во 21:04.

Беше испратено предупредување до жителите на округот да побараат засолниште и беше почната постапка за подигнување на борбените авиони, но радарот го загуби сигналот пет минути подоцна, се вели во соопштението.

„Нема информации за можен напад на цел на државна територија“, прецизира романското министерство.

Романија, членка на Европската унија и на НАТО, дели 650 километри граница со Украина и имаше повеќе случаи на фрагменти од беспилотни летала кои паднаа на нејзината територија во текот на изминатата година и половина, за време на руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.

Текстот Романците забележаа непознат објект, па ги подигнаа борбените авиони и ги предупредија жителите е превземен од МАКФАКС.