Романскиот премиер, Марсел Чиолаку и кандидатката на десниот центар Елена Ласкони освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Романија, покажуваат излезните анкети и тие треба да одат во вториот круг.

Социјалдемократот Чиолаку, според проекциите, освоил околу 25 отсто од гласовите, додека Ласкони околу 18 отсто. Вториот круг од изборите е закажан за 8 декември.

Чолаку пред првиот круг од изборите беше фаворит меѓу 14 кандидати.

Најдобри изгледи имаа кандидатот на либерално-конзервативната реформска партија Ласкони која според излезните анкети доби 16 отсто и Џорџ Симион од екстремната десница кој доби 15 отсто од гласовите.

Претседателот ја одредува надворешната и безбедносната политика на земјата-членка на ЕУ, е врховен командант на армијата и е вклучен во проверките на тајните служби.

Клаус Јоханис е претседател 10 години и не може повторно да се кандидира.

Текстот Романскиот премиер Чиолаку води во првиот круг од претседателските избори е превземен од МАКФАКС.