
Роберто Фирмино, поранешниот напаѓач на Ливерпул, потпишува за Ал-Ахли и се придружува на напливот од фудбалери кои се селат во Саудиска Арабија.
Договорот што ќе го потпише 31-годишниот напаѓач е до 2026 година. Останува само Фирмино да ги помине лекарските прегледи, по што и официјално ќе биде претставен како ново засилување на Ал-Ахли.
За него се шпекулираше дека се интересираат Реал Мадрид и Барселона, но на крајот и тој ќе заврши во Саудиска Арабија. Фирмино постигна 111 гола во 362 натпревари за Ливерпул.