Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го изрази својот гнев по вчерашниот натпревар на „Олд Трафорд“ во кој „црвените ѓаволите“ беа елиминирани од Миделсбро кој подобро се снајде при изведувањето пенали откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Голот на Миделсбро беше контроверзен затоа што Вотмор очигледно играше со рака, но судиите и по прегледувањето на снимката не го поништија голот, оценувајќи дека се работи за ненамерно играње со рака на играчот на гостинскиот тим.
По целиот овој сплет на околности, Рио Фердинанд упати порака на социјалните мрежи прашувајќи се зошто служи ВАР технологијата.
– Која е поентата на ВАР? , -кратко напиша Фердинанд, а доби одговор од Пирс Морган, навивач на Арсенал и спортски аналитичар за „Скај Спортс“.
– Сите видовме дека имаше игра со рака, ВАР е една патетична шега, -му возврати Морган.