Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер предизвика бурни реакции по натпреварот во Сан Себастијан во Купот на кралот.

Реал го победи Реал Сосиедад со 1:0, во првиот полуфинален натпревар. По натпреварот Ридигер влего во соблекувалната на Реал Сосиедад и викал: „Да живее Атлетик Билбао“.

Според медиумите, провокативниот извик на Рудигер не бил упатен кон некој конкретен играч на Реал Сосиедад, но сепак предизвикал критики.

Коментаторот на Реал Мадрид, Маноло Лама, го изрази своето незадоволство од постапките на Рудигер, сугерирајќи дека тоа би можело да доведе до свирежи од навивачите кога 31-годишниот германски дефанзивец ќе се врати на стадионот на Реал Сосиедад.

Баскиските клубови Реал Сосиедад и Атлетик Билбао се големи ривали.

Инцидентот дополнително ја влоши полемиката околу натпреварот, кој веќе беше обележан со навреди упатени кон играчите на Реал Мадрид од страна на некои навивачи на Реал Сосиедад. Судијата беше принуден да ја прекине играта во првото полувреме за да го активира протоколот против ваквите постапки.

Текстот Ридигер ги провоцирал играчите на Реал Сосиедад, викал „да живее Атлетик Билбао“ е превземен од МАКФАКС.