Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Франк Рибери е блиску до раскин на договорот со италијанскиот прволигаш Салернитана и размислува за повлекување од спортот објавија медиумите од оваа земја.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен дојде во Салернитана како слободен играч во изненадувачки трансфер откако си замина од Фиорентина минатото лето и 38-годишниот ветеран одигра 12 меча, но не помогна тие да се помрднат од последното место на табелата.
Салернитана веќе бара замена за него, и се верува дека тоа ќе биде поранешното крило на Рома и Фенербахче, Диего Пероти.