Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната клиника поради компликации од вирусната западнонилска треска, која ја пренесуваат комарци, објави „Сител“.

Тој е петтиот случај на заразен од оваа болест кој е регистриран во земјава. 62-годишниот човек бил упатен на клиниката од страна на неговиот матичен лекар. При прегледот, пациентот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми.

Нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот на Инфективна, д-р Фадил Цана.

При приемот пациентот имал и висок крвен притисок и во консултација со кардиолози, состојбата била ставена под контрола.

Пред девет дена на Инфективна од компликации поврзани со вирусот почина 78-годишен жител на општината Чешиново-Облешево. Во април и јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западнонилска треска, кои биле увезени случаи, додека пациентот тестиран во август не патувал надвор од државата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.