Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор сезонава игра одлично во дресот на Реал Мадрид и наскоро за тоа ќе биде награден со нов договор.
Актуелниот договор на Бразилецот е до 2024 година, но неговото продолжување и подобрување на условите за фудбалерот е приоритет на управата на Реал Мадрид на чело со претседателот Флоренитно Перез.
Винисиус Жуниор моменто заработува 3.2 милиони евра годишно, а со бонуси сумата може да се зголеми за дополнителни 800.000 евра.
Со новиот договор, покрај значителното зголемување на платата, се шпекулира дека новата откупна клаузула ќе ја помине бројката од милијарда евра, поточно ќе изнесува 1.1 милијарди.