Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен.
Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во модерната историја на европскиот фудбал, ќе стане тренер на „кралскиот клуб“.
Алонсо во кариерата, пет сезони го носеше дресот на Реал, одигра 236 натпревари од и учествуваше во освојувањето на пет трофеи.
Алонсо долго време беше проектираниот наследник на Анчелоти, а се укажува на тоа дека и во Леверкузен биле подготвени. Според „Скај Спорт Германија“, Баск ќе го наследи Баскот на „Бај Арена“.
Баер следната сезона треба да го предводи Иманол Алгуасил Баренечеа, човек кој со голем успех го води првиот тим на Реал Сосиедад од 2018 година.
Иманол Алгуасил е континуирано ангажиран во Сан Себастијан од 2011 година, кога стана тренер на младинскиот тим, потоа асистент во „Б“ тимот, потоа и тренер на тимот „Б“ и на крај го презеде првиот тим.
Под водство на Алгуасил, Сосиедад заврши под 10-то место само во првата сезона, а потоа рангирањата беа: 9-то, 6-то, 5-то, 6-то, 4-то и 6-то место минатата сезона. Тие во катуелната сезона се наоѓаат на 10-то место.
Текстот Реал Мадрид и Баер Леверкузен (веќе) имаат нови тренери е превземен од МАКФАКС.