Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.
Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.
Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија, пренесува Bild.de.
Се уште не се познати повеќе детали, ниту пак кој е уапсен.
Државното правобранителство во Дизелдорф наведува само дека се работи за операција под кодно име Plexus и дека била спроведена од заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија.