Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити, кој истекува во летото 2023 година. Поранешниот фудбалер на КПР и на Ливерпул, изјави дека ќе почека до јуни и крајот на обврските со репрезентацијата на Англија во Лигата на нации додека не ја донесе конечната одлука. Сепак, очигледно е дека нема ништо од продолжување на соработката со „граѓаните“, што значи дека клубот ќе сака да го продаде ова лето.

Advertisements

Медиумите на Островот откриваат дека Стерлинг не е заинтересиран за понудите на Арсенал и на Тотенхем, па многу веројатно е дека ќе ја напушти Премиер – лигата.

За него голем интерес покажува и Милан кој е пред освојување на титулата во Серија А. Стерлинг би можел да се приклучи на новиот проект на „росонерите“ и да ја прифати поканата за преселба во Милано.

Стерлинг оваа сезона за „граѓаните“ одигра 46 натпревари, постигна 17 гола и запиша осум асистенции./Makfax

Прикажи повеќе