Се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23 131 нови случаи.
Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22 577 лица биле позитивни на тестот. Моментално во болница се сместени 1 344 лица.
Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14 020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8 577.
Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем.
Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории.