
Цената на нафтата на светските берзи од утринава поскапе за 6 насто. Барел нафта достигна 107 долари на лондонскиот пазар, по еднонеделниот пад на цената која се движеше под 100 долари. Денеска се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да направи промена на цената на нафтените деривати и кај нас. Сепак, денешната нова цена на светските берзи не се очекува да влијае на цените кај нас од ноќеска.