Творецот на чудото со Лестер и еден од најомилените тренери на денешницата Клаудио Раниери замина во пензија по завршувањето на минатата сезона откако со Каљари успеа да обезбеди опстанок во Серија А.
Раниери во интервју за италијанските медиуми го коментираше Јувентус под водство на Тијаго Мота. Пензионираниот тренер го пофали она што Мота го прави во Јувентус, а потоа го коментираше и напаѓачот на тимот Душан Влаховиќ.
Раниери во еден период од кариерата му беше тренер на легендарниот Аргентинец, Габриел Омар Батистута. Побара од коментаорите, навивачите, аналитичарите да не го споредуваат Влаховиќ со Батистута.
„Душан е одличен центарфор, ми се допаѓа. Не разбирам зошто луѓето го доведуваат во прашање неговиот квалитет кога нема да постигне гол на два или три натпревари. Сите напаѓачи имаат таков период и тоа не е ништо чудно. Сепак, малку ми пречи кога го споредуваат со Батистута“, изјави Раниери и додаде.
„Не правете такви споредби. Батистута беше уникатен напаѓач, а јас дури и не знам дали можете да го споредите Халанд со Бати, а зборуваме за играч кој постигнал голем број на голови во Манчестер сити. Батистута беше посебен, а Влаховиќ сигурно не е на тоа ниво на кое беше тој иако е одличен напаѓач“.
Текстот Раниери: Батистута е уникат, не можете Влаховиќ да го спроедувате со него е превземен од МАКФАКС.