Серхио Рамос доби црвен картон на својот втор натпревар во Лига 1 како играч на ПСЖ, но и без него на теренот, „светците“ успеаја а се спасат од пораз на гостувањето кај Лориен.

Искусниот Шпанец имаше кошмарен старт на авантурата во Франција пропратен со незгодна повреда која го оневозможуваше да дебитира, а сега кога повторно се стави на располагање, одново ќе мора да паузира.

Рамос доби два жолти картони во период од четири минути и беше испратен на предвремено туширање при резултат 1:0, но до крајот, Икарди погоди за 1:1 и му донесе бод на фаворитот.

Серхио брзо се најде на удар од критичарите за несфатливиот потег во ситуација кога веќе имаше жолт картон, па реши и самиот да испрати порака за оваа непосакувана епизода.

– Денеска е нов ден за учење, утре е нов ден за подобрување. Секогаш гледаме напред. Продолжуваме!, – гласи пораката на Рамос.