Премиерот на Албанија, Еди Рама, во своето обраќање на заедничката прес конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот, меѓу другото говореше и за состојбите во Косово и ја нагласи важноста од зголемување на припадниците на НАТО во таа земја.
„Укажав на неопходноста да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и на неопходноста да се гарантира границата меѓу Косово и Србија. Граница којашто фактички е вон контрола и е во служба на илегални активности“, рече Рама.