Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите и да се стави крај на говорот на омраза. На отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија“, што се одржа на 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев, Радев рече дека Бугарија сака да ги реши политичките спорови со Скопје пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Тој рече дека има голем притисок врз Бугарија за да го повлече ветото.

Advertisements

„Европската перспектива на Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија. Различни методи на лобирање и притисок врз Бугарија користат нашите сојузници и европските институции .Јас сум за отворање на вратата за почеток на преговори кога ќе видиме јасни гаранции за заштита на нашето културно и историско наследство. Промената на Уставот и вклучувањето на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, значи дека ја прифаќате европската идеја”, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија./Алсат.мк

Прикажи повеќе