Oдлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола e израз на немоќ и паника, изјави денеска во Брисел бугарскиот претседател Румен Радев.

„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и импотентност, бидејќи властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не сега, туку со векови – веќе 1 300 години. И бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Северна Македонија, да ги вклучат Бугарите во нивниот устав“, рече тој, пренесува БГНЕС.

Прикажи повеќе