Доколку Украина стане членка на НАТО и се обиде насилно да го врати Крим, ќе дојде до воена конфронтација меѓу Русија и Алијансата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција по разговорот со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Тој синоќа изјави дека во доктринарните документи на Украина е наведено дека Русија е нејзин противник и дека е можно враќање на Крим со воени средства, пренесе Интерфакс.
Русија сè уште се обидуваат да ја убедат дека НАТО е чисто одбранбена алијанса, но граѓаните на многу земји сами видоа колку е тоа вистина, изјави Путин.
Тоа се Ирак, Либија, Авганистан и голема воена операција против Белград без одобрение на Советот за безбедност на ОН, што е далеку од она што може да го направи една мирољубива организација, потсети рускиот лидер.
Тој рече дека Русија е означена како главен непријател во воената стратегија на Алијансата.
„Меѓу другото, не можеме да го игнорираме дека во воената стратегија на НАТО за 2019 година, Русија директно беше наречена главна безбедносна закана и противник. НАТО не означи како противници. Во исто време, ја приближуваше својата воена инфраструктура сè до нашите граници“, истакна Путин.
Путин во саркастичен тон рече дека НАТО и неговите земји-членки сакаат Русија да ја „подучат“ каде и како да ги распореди своите вооружени сили и сметаат дека е можно да се бара да не се изведат планираните маневри и вежби, и преместувањето на руските трупи, нарекувајќи ги овие потези закана за руска инвазија, врз Украина.
„Наводно, балтичките земји и другите земји – нашите соседи – ја чувствуваат опасноста. Врз основа на тоа, не е многу јасно. Во секој случај, тоа се користи како теза за да се изгради непријателска политика кон Русија“, изјави Путин.
Тој додаде дека се игнорирани главните грижи на Русија, кои беа наведени во предлозите за безбедносни гаранции.
Зборувајќи за ситуацијата на истокот на Украина, Путин изјави дека Киев тргнал на патот на укинување на договорите од Минск.
Киев продолжува да ги игнорира „сите можности за мирно обновување на територијалниот интегритет на земјата преку директен дијалог со Доњецк и Луганск“ вели Путин додавајќи и дека Киев има двосмислената позицијаод која „некогаш вели дека ќе ги почитувадоговорите, а некогаш дека истите тие договори ја ќе ја уништат нивната земја.
На почетокот на своето обраќање Путин ја нарече средбата со Макрон деловна, информативна и корисна.
Претседателите на Русија и Франција разговараа во Кремљ повеќе од пет часа, речиси до полноќ по московско време.