Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје.

На состанокот во Кремљ со највисоките воени и цивилни претставници, Путин најави дека ќе ги информира за фазата во која се преговорите за Украина со САД и билатералните разговори со Киев.

Рускиот претседател истакнува дека американската влада „прилично енергично и искрено“ вложува напори за „запирање на борбите, завршување на кризата и постигнување договори во интерес на сите страни вклучени во тој конфликт“.

Путин рече дека целта на преговорите меѓу Москва и Вашингтон е да се создадат „трајни услови за мир меѓу нашите земји, во Европа и низ целиот свет“, што ќе се постигне и преку договори во областа на контролата на оружјето. Русија и САД имаат убедливо најголеми арсенали на нуклеарно оружје во светот.

Двајцата претседатели ќе разговараат во петок во Алјаска. Кремљ и Белата куќа објавија дека ќе има разговори еден на еден со делегациите, по што ќе следи прес-конференција.

Текстот Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина е превземен од МАКФАКС.