Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„Русија е подготвена да води преговори со Украина на високо ниво“, рече Путин, пренесе кинеското Министерство.

Како што се посочува, претседателот на Кина за време на разговорите изјавил дека во ситуацијата околу Украина треба да се напушти менталитетот на Студената војна и да се почитуваат легитимните интереси на сите земји во сферата на безбедноста.

„Кина ја одредува својата позиција врз основа на суштината на самото украинско прашање. „Потребно е да се напушти менталитетот на Студената војна, да се придава значење и да се почитуваат правните интереси на сите земји во безбедносната сфера, а исто така преку преговори да се формира избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам“, рече кинескиот лидер.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно му се обрати на Путин со предлог да седне на преговарачка маса.

Извор: СПУТНИК

Прикажи повеќе