Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека би сакал лице в лице да се сретне со неговиот американски колега Џозеф Бајден.
„Дефинитивно ќе се сретнеме во живо, јас би го сакал тоа“, рече Путин како одговор на зборовите на неговиот американски колега дека му е жал што двајцата не се сретнале на самитот на Г-20 во Рим, пренесе ТАСС.
Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека е рано да се зборува за средба лице в лице меѓу рускиот и американскиот претседател.