Англиските медиуми објавија дека Томас Тухел во Кристијан Пулишиќ не гледа долгорочна опција во нападот на Челси.
Пулишиќ веќе има неколку клубови од Италија и Германија кои се интересираат за фудбалерот на „сините“.
Тековниот договор на 23-годишникот со премиерлигашот истекува во 2024 година. И покрај тоа, се шпекулира дека тој ќе заврши надвор од Лондон во зимскиот преоден рок, во потрага по повисока минутажа.
Оваа сезона Пулишиќ одигра тринаесет натпревари на кои постигна два гола и пмаше две асистенции.