Во време кога менталното здравје на младите станува сè позагрижувачка тема, училишните психолози алармираат дека многу ученици се борат со анксиозност, депресија и други предизвици за кои ретко се зборува отворено. Недостигот на едукација и поддршка во училиштата често ги оставa младите без простор за споделување и помош. Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, што ја спроведува граѓанската организација „Младите можат“, не само што ја адресира оваа потреба, туку и поттикнува активен дијалог меѓу средношколците, професорите и стручните служби во училиштата.Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ се спроведува во рамки на проектот „Практикувај демократија“ на Фондацијата за демократија на Вестминстер, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.