Протестен марш по повод двегодишнината од целосната руска инвазија проти Украина – денеска во 10 часот

Денеска, со почеток во 10 часот, Здружението на Украинците во С. Македонија „Лесја Украинка“ ќе одржи мирен протестен марш по повод двегодишнината од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина.

Настанот ќе започне во 10 часот во Алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), а потоа ќе продолжи пред амбасада на руската федерација, каде што се очекува изјава од претседателот на здружението, Олександр Урбанович.

Здружението упати покана до сите граѓанки и граѓани кои ја поддржуваат борбата на Украина за слобода, да ѝ се придружат на оваа манифестација.

ДЦМ