Откако неодамна беше објавена веста дека Пеп Гвардиола (53) и Кристина Сера (52) се разделиле по повеќе од 30 години, во странските медиуми почнаа да излегуваат детали од нивниот развод. Дејли Мејл пишува дека тренерот на Манчестер Сити „го ставил фудбалот пред брак“.
Кристина, која се врати во Барселона од Манчестер во 2019 година за да се фокусира на своите деловни интереси, наводно решила да го прекине бракот откако дознала дека Пеп не планира да ја напушти Британија и дека ќе остане на сегашната работа. Имено, Пеп на крајот на ноември минатата година потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити. Потоа рече дека не може да го напушти клубот.
Кристина редовно го посетувала сопругот во Британија, но минатата година наводно престанала да доаѓа толку често.
„Минатиот септември, професионалниот круг на Пеп во Манчестер беше изненаден што не ја виде Кристина во градот по летните одмори и почна да се прашува зошто таа не е со него. Дотогаш беше нормално да ја гледаме во Манчестер од време на време и покрај фактот што престана да живее таму во 2019 година“, рече Лорена Васкез, една од водителките на подкаст, која првично ја објави веста за разводот.
„Една од работите за кои Кристина го обвини Пеп е тоа што тој беше премногу фокусиран на неговиот професионален живот. Можеби таа почувствува потреба да го пресели својот живот на друго место“, додала Лорена.
Нејзината колешка Лаура Фа тврди дека Кристина решила да раскине „Сите луѓе со кои разговаравме велат дека Пеп е опседнат со фудбалот и дека тоа е пред се и тоа го чинеше“. „Разговаравме не само со пријателите, туку и со професионалниот круг на Пеп и она што тие сакаат да го разјаснат е дека се работи за пријателска разделба, дека е внимателно разгледана без аргументи и дека нема трети лица“, додаде таа.
Текстот Протекоа детали за разводот на Пеп Гвардиола и Кристина: „Тој го стави фудбалот пред бракот“ е превземен од МАКФАКС.