Фудбалската репрезентација на Црна Гора е во најлошата серија во својата историја. Натпреварот против Велс во Лигата на нации им го донесе шестиот пораз во низа. Голот на Хари Вилсон од пенал во 36. минута донесе победа за неговата репрезентација, а негативен рекорд на селекторот Роберт Просинечки.

Црногорците се последни на табелата во групата Б4 од Лигата на нации.

Црногорците се уште имаат шанса да останат во Б ранг во Лигата на нации, но таа е многу мала и може да исчезне во следниот натпревар. Исланд ќе гостува во Подгорица, а ниту реми нема да биде доволен за домаќините да се издигнат од дното на табелата. По натпреварот зборуваше и Просинечки.

„Првото полувреме беше многу лошо. Второто полувреме беше многу подобро, имавме неколку ситуации, ја погодивме гредата… Ќе видиме што ќе се случи понатаму, имаме уште два натпревари. Ова беше еден од нашите најлоши настапи. Верувам дека ќе биде подобро ако го победиме Исланд, тогаш Турција не чека, тие ќе бидат фаворити, но се надевам дека сите играчи ќе бидат здрави“, изјави црногорскиот селектор.

Просинечки мандатот на клупата на Црна Гора го започна со две победи на пријателскиот турнир во Анталија, против Белорусија и Македонија, а потоа забележа шест порази.

Резултатите на Роберт Просинечки како селектор на Црна Гора:

Белорусија – Црна Гора 0:2
Црна Гора – Македонија 1:0
Белгија – Црна Гора 2:0
Црна Гора – Грузија 1:3
Исланд – Црна Гора 2:0
Црна Гора – Велс 1:2
Турција – Црна Гора 1:0
Велс – Црна Гора 1:0

Текстот Просинечки урива негативни рекорди со Црна Гора – Шест порази во низа е превземен од МАКФАКС.