Поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана денеска во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот.

Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектура: Елизабета Коневска, дизајнот на корицата изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.

Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Текстот Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков е превземен од МАКФАКС.