Кога станува збор за дијабетес, најважно е да се дијагностицира навреме.
Многумина игнорираат некои од симптомите на дијабетесот, не ни знаејќи дека тие можат да бидат симптоми на оваа подмолна болест. Се работи всушност за кожата, каде што промените може да укажуваат и на нивото на инсулин во нашето тело.
Ако забележите темни дамки, бордо или црвени траги кои предизвикуваат чувство на чешање и обично се појавуваат на вратот или наборите, задолжително контактирајте го вашиот лекар. Ова може да укажува на дијабетес тип 2, додека други симптоми се постојано чувство на замор, проблеми со мочниот меур, чести одење во тоалет и бавно зараснување на раните.
„Во многу случаи ова е првиот симптом на дијабетес. Обично се појавува на делови од телото како што се пазувите, препоните, меѓу прстите на рацете или нозете, но може да се појави и на вратот. Доколку забележите ваква промена на кожата која трае со денови би било добро да се провери здравствената состојба“, објасни д-р Мајк за порталот Дијабетес.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.