Украинските сили сега контролираат приближно една третина од клучниот град и покрај тоа што Русија во битката искористи огромен број војници и опрема, велат локалните власти.

Advertisements

Украинските власти повторно повикаа на брза испорака на оружје од Западот за да се спротивстават на огромната артилериска предност што ја има Русија на истокот, каде стотици војници секојдневно се убиваат или се ранети.

Секретарот на Советот за безбедност на Украина, Олексеј Данилов, на 9 јуни изјави дека ситуацијата во Северодоњецк е „исклучително комплицирана“ и дека руските сили ја фокусираат сета своја моќ во областа.

„Тие не го штедат својот народ, тие само испраќаат луѓе како топовско месо…Ја гранатираат нашата војска дење и ноќе“, изјави Данилов во интревју за Ројтерс.

Прикажи повеќе