Вакцините против сезонски грип веќе се пристигнати во земјава и во тек е нивна дистрибуција низ медицинските центри. Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче набавени се 40 илјади бесплатни дози кои што се наменети за хронично болните лица, повозрасните од 65 години, бремените жени, децата и здравствените работници. Тој поптсети дека граѓаните коишто сакаат да се вакцинираат ќе треба да се пријават на сајтот вакцинација.мк.
Стигнаа 40 000 четири валентни вакцини за сезонски грип. Овие вакцини веќе се дистрибуираат и со цел да не се мешаат групите граѓани кои доаѓаат за вакцинација за сезонски грип и ковид. Вакцинацијата ќе се спроведува во центрите за јавно здравје и дел во здравствените домови во Скопје каде што нема вакцинација за ковид- кажа Филипче.
За Центрите за јавно здравје обезбедени се и 11.000 комерцијални од кои 4. 000 ќе се аплицираат во Скопје.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.