Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Текстот Приведени две лица при претрес во Пробиштип е превземен од МАКФАКС.