Полициски службеници од ОВР Свети Николе, денеска во 17.30 часот го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, Општина Лозово, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари, соопштија од МВР.
Лицето додават од МВР е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок