Вчера во 08.45 часот полициски службеници го привеле М.Т.(58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.

При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Приведен возач од струшко, „летал“ со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час е превземен од МАКФАКС.