Вчера вечер во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 43-годишниот С.А., 22-годишниот С.М. и 26-годишниот У.К., тројцата од Кочани и 37-годишниот И.С. од Пробиштип, извести МВР.

При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.

С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Текстот Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсени четири лица е превземен од МАКФАКС.