Денеска во 06:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Г.А. од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец е превземен од МАКФАКС.