Презентерката и новинарка Александра Велинова е добитничка на Balkan media award во категоријата Најдобар презентер за 2022- ра, кои по 11-ти пат се одржаа во Софија во ексклузивниот амбиент на Гранд хотел, а во организација на ВИП Комуникејшн.

Оваа награда во различни категории ја добија 40 новинари од пишаните и електронските медиуми во различни категории.
„Во 15 -годишната кариера во печатени и електронски медиуми сум почнала во контактно-образовна во МТВ како водителка, најдолго во Алфа како новинарка и водителка на контактно- забавни емисии и Утринска, репортерка и презентерка во Нова до денес во ТВ21“, истакна Велинова.

