Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Прегазена 76-годишна скопјанка е превземен од МАКФАКС.