Протести и во Косово. Работниците од приватниот сектор бараат повисоки плати и еднаков третман. Демонстрантите најавија дека ќе ја напуштат земјата доколку не се исполнат нивните барања.

Во Тирана, на 1 Мај, неколку здруженија организираа протест за работничките права. Податоците на Трудовиот инспекторат покажуваат дека состојба од година во година се влошува. Учеството беше слабо, но според демонстрантите тоа е поради притисокот што работодавачите го вршат врз нивните работници.

1 Мај во многу земји во светот се одржа со протести и маршеви . Во Франција протестот беше масовен. Така беше и во Атина. Во Турција, полицијата спречи група демонстранти да стигнат до главниот плоштад во Истанбул, Таксим, и уапси неколку демонстранти.

Во Пакистан властите забранија собири во неколку градови поради тензичната безбедносна ситуација. Во Јужна Кореја, десетици илјади луѓе учествуваа на различни собири, најголеми од почетокот на пандемијата на почетокот на 2020 година. Во Тајван, илјадници работници излегоа на улиците за да протестираат против, политиката од власта.

На 1-ви мај се прославува Меѓународниот ден на солидарноста на работниците. Работничката борба за 8-часовниот ден во 1880 година ја покажа нивната решителност. На 1 мај 1886 година, над 200.000 работници, собрани на централниот плоштад во Чикаго, штрајкуваа за да ги бараат своите права. Три години подоцна од настанот во Чикаго, во 1889 година, Втората социјалистичка интернационала, која се одржа во Париз, го воспостави славењето на 1 Мај како ден на синдикатот, борбата и солидарноста на сите работници во светот. Денес, речиси 134 години подоцна, 1 мај се слави ширум светот како Меѓународен ден на солидарноста на работниците.

Алсат