Кинеските власти пријавија три смртни случаи од ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале три постари лица.
Од почетокот на епидемијата во Шангај, од коронавирус починале 4 641 лице.
Шангај е центар на најголемиот ковид-бран во Кина од почетокот на пандемијата.
Минатата недела имаше по 26 330 нови случаи, кои во најголем дел се асимптоматски.
И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, населението од 26 милиони во областа на Шангај и натаму продолжува да живее под полициски час.