Според првото истражување кое се базира на податоци од терен, омикрон има „значајна“ способност на избегнување на имунитет стекнат по претходна инфекција со други соеви на SARS-CoV-2.
Резултатите покажуваат дека новата варијанта може да предизвика нов бран инфекции дури и меѓу популацијата со високо ниво на антитела.
Експерти од африканскиот Национален институт за заразни болести предупредуваат дека овие резултати имаат значајни последици на јавното здравје.
Засега не е познато дали омикрон исто така го избегнува имунитетот создаден по вакцинација“, велат научниците во студијата.
Тие анализирале скоро 2.8 милиони потврдени случаи на зараза во Јужна Африка и откриле дека 35.670 луѓе повторно биле инфицирани со вирусот, пишува Sky News.
Студијата покажува дека опасноста од повторна зараза во текот на брановите поттикнати од соевите бета и делта биле помали во текот на првиот бран предизвикан од варијантата откриена во Вухан.
Ризикот од повторна инфекција со омикрон е 2.4 пати поголема отколку во првиот бран. Заклучокот е дека ширењето на оваа варијанта е поврзано со намалувањето на опасност од првата зарази и зголемена опасност од поновата.
Резултатите покажуваат дека овој сој ја има предноста повторно да ги инфицира оние луѓе кои веќе прележале ковид.
Во Јужна Африка целосно се вакцинирани околу четвртина од жителите, а имунитетот на жителите стекнат по зараза е доста висок бидејќи земјата мина низ неколку бранови на пандемијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.