Универзитетот во Хонг Конг вчера ја објави првата микроскопска фотографија на омикрон, новата варијанта на коронавирусот. Фотографијата на вирусот е направена со електронски микроскоп.

Левиот дел од фотографијата покажува електронска микрографија на бубрежна клетка на мајмун по инфекција со омикрон. Фотографијата покажува оштетување на клетките и мали црни вирусни честички.

Десниот дел од фотографијата е зголемена верзија на левиот дел и ја прикажува истата заразена клетка. На тој дел од фотографијата можете да видите низа вирусни честички со шилци карактеристични за коронавирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.